16. Sep 2011 12:36 Денеска стартуваат полуфиналните натпревари во Литванија

Денеска од 16:30 започнува првиот полуфинален натпревар помеѓу Македонија и Шпанија. Ѕвездата на ЛА Лејкерс, По Гасол оцени дека Мекејлеб е клуч за денешното полуфинале.

Thumbnail

Тие веќе изненадија многу тимови на првенството, а ние не сакаме да станеме дел од тоа. Тие играат многу цврсто, тимски. Имаат неколку талентирани играчи и многу ги респектираме. Секако нашата цел е финалето и затоа мора да победиме - изјави Гасол.

Од друга страна, натурализираниот американец во нашите редови изјави дека Македонија нема што да изгуби, и дека треба да се бори иако Шпанија на хартија е далеку поквалитетна репрезентација.

Тие немаат слаби точки во тимот, единствената слаба точка е во фактот што никој не е перфектен. Можеби нема да им оди, па ќе видиме што ќе се случи - вели Мекејлеб.

Во вечерниот термин ќе се судрат екипите на Франција и Русија, кои ќе се обидат да влезат во финалето на Европсткото првенство.

Денеска стартуваат полуфиналните натпревари во Литванија