09. Feb 2010 12:21 Џон Тери доби голема подршка од навивачите

Џон Тери јавно им се заблагодари на навивачите на Челзи за подршката која ја добил изминатите две недели.

Џон Тери доби голема подршка од навивачите

Лидерот на „сините“ е во центар на вниманието овие денови поради секс скандалот со Ванеса Перонсел и губењето на капитенската лента на Англија, но тој за целото време добиваше подршка од неговите соиграчи, клубот и навивачите.

„Сакам лично да се заблагодарам на сите навивачи. Не го очекував ова и многу им благодарам на сите кои ми дадоа подршка.“

Навивачите за време на дербито со Арсенал пееја „Постои само еден капитен - Џон Тери„