27. Oct 2011 11:49 Евролигата го менува форматот на натпреварувањето

После посетата во Атина, првиот човек на Евролига Џорди Бертомеу, најави големи промени во форматот на натрепварувањево ова елитно европско кошаркарско друштво.

Thumbnail

Тие промени ги вклучуваат деновите во кои се натпреварите играат, бројот на мечеви во една сезона како и бројот на тимови кои од квалификации ќе можат да стигнат во најелитното друштво. Во Топ16 фазата нема веќе да има 4 групи со 4 екипи, туку 2 со по 8.

Тоа значајно ќе ги зголеми бројот на Евролигашки натпревари. За оние кои ќе дојдат до крајот на турнирот, тоа би бил 31 евролигашки натпревар.

Одсега петок е главен ден кога ќе се играат натпреварите, иако некои ќе можат да се закажат и за ден предходно. Одлуката за промена на денот е базирана на маркетиншко истражување во девет земји.

Во квалификациите одсега нема да има место за две екипи, туку само за една, а втората позиција ќе бидне искористена за екипа со „специјална покана“.