09. Sep 2011 10:04 Финалистите од Полска, денеска од 14:30

Финалистите од ЕП во Полска 2009 година, Шпанија и Србија денеска во 14:30 ќе го започнат второто коло од групата Е.

Thumbnail

После поразот од Литванија, репрезентацијата на Србија е во прилично незгодна ситуација. Најбезбедна можност за четврт-финале е победа против Турција, па многумина критичари прогнозираат дека србите веќе се припремаат за Турција. Од друга страна познавајки го карактерот на Ивковиќ, многумина сметаат дека таквите изјави немаат смисла. Во досегашниот дел од првенството зад двете репрезентации стојат речиси идентични бројки во статистиката. Ривалството помеѓу оваа генерација на играчи започна на ЕП во Полска кога Шпанија беше победник, а продолжи на Светското првенство во Турција кога Србија ја исфрли Шпанија уште во четврт-финалето.

Несомнено е дека не очекува квалитетен и неизвестен меч.

Во вториот натпревар ќе се сретнат екипите на Германија и Турицја. Турците се благи фаворити во овој меч, поради поквалитетниот состав кој брка четврт-финале. Сепак германците покажаа дека можат да играат и со репрезентации како Шпанија, така да „панцирите“ не се за одпишување.

Во вечерниот термин ќе се сретнат екипите на Литванија и Франција. Литванците после победата над Србија покажаа дека се репрезентација на која треба да се внимава, додека Франција моментално е прв фаворит за освојување на првенството. Како ќе изгледа натпреварот на една шутерска екипа, против репрезентација која поентира исклучиво во рекетот останува да видиме вечерва во 20:00 часот.

Финалистите од Полска, денеска од 14:30