03. Jun 2010 15:52 Франција и Англија во финале на ЕП во фудбал-жени

 Вчера во Куманово се одигра последниот натпревар од Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години. Полуфиналниот натпревар се играше 120 минути, но сепак за крајот одлучија пеналите.

Франција и Англија во финале на ЕП во фудбал-жени

 На досегашните три натпревари Германија покажа дека ќе биде меѓу победници, но по вчерашната игра пеналите олучија кој ќе биде победник и Франција ја елиминираше Германија.

 Франција дојде во водство во 19 минута, а фудбалерките на Германија изедначиа во 39-тата минута.На крај по изведување на пеналите екипата на Франција победи со 5:3. Досега на ваквите првенства Германките имаат освоено 5 титули, додека другите земјиучеснички немаа повеќе од една титула.

Финалето на Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години ќе се одржи  во сабота во Скопје на стадионот „Филип Втори„ помеѓу репрезентациите на Англија и Франција.