16. Sep 2011 16:02 Грција влезе меѓу шесте најдобри
Кошаркарите на Грција со победата над Србија со резултат 77:87, обезбеди место меѓу шесте најдобри репрезентации на турнирот, и ќе игра за пласман на Олимписките игри во Лондон 2012.
Уште по резултатот 34:8 за грците на крајот од првата четвртина, беше познато кој ќе бидне исходот на натпреварот. Очигледно дека екипата на Ивковиќ има поголеми проблеми одколку тоа што е видливо на пархетот. Очигледно е дека Грција има успешна промена на генерациите и дека треба многу да се очекува во иднина од оваа репрезентација. Во третата четвртина србите влегоа во добра серија со која стигнаа на „минус 15“, меѓутоа зицерот на Мачван, двете топки во аут на Теодосиќ ги уништија надежите дека пресврт е возможен до крајот на натпреварот. Борусис постигна 27 поени за Грција и ја одведе својата репрезентација да игра за петтото место против домаќинот Литванија, утре во 20:00.
Од 17:00, Србија ќе игра за седмото место против Словенија.
