04. Oct 2011 12:47 Кириленко пристигна во ЦСКА

НБА ѕвездата Андреј Кириленко потпиша тригодишен договор со московска ЦСКА, со опција да се врати во НБА по завршување на лок-аутот.

Thumbnail

Кириленко го носеше дресот на Јута Џез 10 сезони, каде што пристигна од ЦСКА Москва.

Драго ми е што се враќам во клубот каде играв како млад. Големо задоволство е што ќе играм пред руските навивачи, моите пријатели, роднини. ЦСКА има многу силет тим, одличен тренер и одлични кошаркари. Сите пари што ќе ги заработам во Русија ќе ги дадам во Детската фондација Кириленко, и ќе биднат потрошени за детски болници, школи, спорт и останато. - изјави Кириленко по враќањето во Русија.

Кириленко пристигна во ЦСКА како слободен играч, бидејки договорот со џезерите му беше истечен.