07. Dec 2011 13:05 Кошаркарите го пречекуваат Кожув

КК Куманово денеска во 19ч.во Спортската сала во Куманово ја пречекуваат екипата на Кожув.

Thumbnail

Нашите кошаркари загубија во првиот натпревар што го одиграа овие два клуба. Кожув пристигнува во Куманово со две нови засилувања, Домовиќ и Голубовиќ а се очекува и подобар натпревар на новото засилување на Куманово Филип Брукс кој одигра слабо во дебито против Лирија.

Куманово се наоѓа на шесттата позиција на табелата, додека Кожув е последен на табелата.