09. Dec 2011 15:58 Кошаркарите и одбојкарите гостуваат на Работнички
Кошаркарите на Куманово утре во 18:00 гостуваат во Скојпе, против екипата на Работнички. Според најавите веднаш по тој натпревар, започнува натпреварот помеѓу одбојкарските екипи на двата клуба.
Одбојкарите на Куманово по победата над ОК Борец минатото коло, очекуваат добра партија и продолжување на добрата серија.
Кошаркарите на Куманово успејаа да триумфираат во првиот натпревар против Работнички на домашен терен, но сигурно не станува збор за истата екипа која гостуваше во Куманово. Во тимот на Работнички следуваше целосна реконструкција, од играчкиот до стручниот штаб на клубот.
