19. Sep 2011 20:49 Македонија ги поздрави своите херои

  Десетици иљади граѓани, од аеродормот „Александар Велики“ до плоштадот „Македонија“, приредија величествен пречек на македонските кошаркарски репрезентативци кои го освоија четврото место на Европското првенство во Литванија.

Thumbnail

Вчера по поразот ни беше многу тешко. Имавме болка во срцето зошто не ја освоивме медаљата, но сега кога ве видовме тука со поддршката што ни ја давате, колку не почитувате, не ни треба медаља, Вие сте нашата најголема победа-рече селекторот Докузовски.

Централната прослава на големиот успех беше на плоштадот „Македонија“ кај споменикот „Воин на коњ“, на која и претходеше симболично минување на кошаркарите низ портата „Македонија“.


Македонија ги поздрави своите херои