02. Sep 2011 13:30 Македонија ја победи Хрватска

Кошаркарите на Македонија вчера успејаа да направат изнеадување на Евробаскетот и да ја совладаат фаворизираната репрезентација на Хрватска со резултат 78:76.

Thumbnail

Најдобар на теренот беше Мекејлеб со 19 поени, Владо Илиевски одигра одличен меч и постигна 18 поени, 3 скока и 3 асистенции, Перо Антиќ 15 поени, а значајна улога имаше и Тодор Гечевски кој повреден реши да настапи на овој меч.

Денеска нашите кошаркари имааат слободен ден, а утре ги чека уште еден тежок меч против репрезентацијата на Грција.

Денеска на програмата се следните мечеви.

Група А
  • 14:15 Шпанија - Велика Британија
  • 16:45 Португалија - Полска
  • 20:00 Турција - Литванија
Група Б
  • 14:15 Србија - Израел
  • 16:45 Летонија - Италија
  • 20:00 Франција - Германија