05. Sep 2011 12:40 Македонија се пласираше во следната фаза
Со вчерашната победа над Финска, кошаркарите на Македонија се пласираа во следната фаза на Европското првенство во Литванија.
Избраниците на Докузовски, вечерва од 20ч. го играат последниот натпревар од групата Ц, против селекцијата на Босна и Херцеговина.
„Сакам да им честитам на сите мои соиграчи кои навистина одиграа фантастично. Уште еднаш покажавме карактер и квалитетна тимска игра, која верувам дека може да ни донесе уште победи. Сакам и да им се заблагодарам на сите наши фанови во арената кои ни даваат голема поддршка и многу ни значат“, вели Антиќ на прес конференцијата.
Бодовите од групата се пренесуваат, така да со победа над Босна и Херцеговина, а подоцна во новата група и над Грузија, македонските кошаркари имаат одлична шанса да се пласираат и во четвртфиналето од турнирот.
Денеска ќе се одиграат следните натпревари:
Група А
- Велика Британија – Полска 14.15 часот
- Шпанија – Турција 16.45ч
- Португалија – Литванија 20ч
Табела: Шпанија 4-0, Литванија 3-1, Турција 2-2, Полска 2-2, В. Британија 1-3, Португалија 0-4.
Група Б
- Израел – Италија 14.15ч
- Летонија – Германија 16.45ч
- Србија – Франција 20ч
Табела: Франција 4-0, Србија 4-0, Германија 2-2, Италија 1-3, Израел 1-3, Летонија 0-4.
Група Ц
- Финска – Црна Гора 14.30ч
- Грција – Хрватска 17ч
- Македонија– БИХ 20ч
Табела: Македонија 3-1, Грција 3-1, БИХ 2-2 Хрватска 2-2, Финска 1-3, Црна Гора 1-3.
Група Д
- Грузија – Бугарија 14.30ч
- Словенија – Русија 17ч
- Украина – Белгија 20ч
Табела: Русија 4-0, Словенија 4-0, Грузија 2-2, Украина 1-3, Бугарија 1-3, Белгија 0-4.
