08. Sep 2011 14:07 Македонија во поход по нова победа

За триесетина минути започнува првиот натпревар од групата Ф, помеѓу Македонија и Грузија. Двете најпријатни изненадувања на шампионатот се во поход по нова победа.

Thumbnail

Заза Пачулиа дефинитивно нема да настапи на овој меч што е големо олеснување за нашата репрезентација.

Кога ќе се споредат сите показатели, Македонија е во предност во однос на Грузијците. Одсуството на Пачулиа значи дека целиот терет ќе падне на 22.годишниот Гиорги Шермадини, и прашање е колку тој ќе може да се справи под кошевите со нашите центри. Друга алтернатива е Николоз Ткитишвили, но тој изгледа тотално безопасен, бидејки има учинок од 2 поени и 1 скок за 10 минути игра.

Наспроти нив Перо Антиќ последните два натпревари направи два дабл-дабл учинок, а просечно забележува 13 поени и 9,4 скока. Доколку се додаде целиот колектив, Македонија би требало да издвојува победа во овој меч.

Единствена слаба точка во нашата репрезентација се слабите проценти во шутот за два. Речиси 40% е реализацијата за два поена, што е многу лош податок, па доколку Грузијците добро го сочуваат рекетот, може натпреварот да добие друга димензија.