21. May 2010 15:34 Меѓународниот турнир во кошарка "Растеме заедно"

 Во организација на кошаркарскиот клуб „Пинк Пантери„ од Куманово утре во Спортската сала свечено ќе биде отворен Меѓународниот турнир во кошарка со слоганот "Растеме заедно".

Меѓународниот турнир во кошарка

 Во недела ќе се одиграат полуфиналните и финални натпревари со почеток во 10 часот.

Станува збор за меѓународен турнир кој има хуманитарна цел, влезниците се со цена од 50 денари,а сите приходи што ќе бидат соберени ќе се донираат на Дневниот центар за деца со посебни потреби со возраст над 18 години "Порака", кои им се неопходни за поквалитетно функционирање-велат организаторите.