14. Sep 2011 13:07 Мекејлеб: Ние сме како семејство, играме за забава

Македонската кошаркарска репрезентација денеска во 20:00 ќе го игра четвртфиналниот натпревар на ЕП против домаќинот Литванија.

Thumbnail

Ова натпреварување беше многу забавно. Никој не очекуваше од нас да направиме нешто, но ние изненадивме многу добри репрезентации. Против Литванија ќе биде тешко, бидејќи тие се супер тим и плус треба да играме против нивните фанови. Ние сме како семејство, играме за забава и не чувствуваме никаков притисок. Тоа е најважното нешто кога играте кошарка, кога играте без притисок, играте слободно. Тоа е кошарката. Нам ни се допаѓа што сме во оваа ситуација, бидејќи немаме што да загубиме и ќе се обидеме да изненадиме уште една репрезентација. Вакво нешто воопшто не очекував, но искуството е одлично, а секако ќе биде уште подобро ако успееме да ја победиме Литванија и да обезбедиме пласман на Олимпијадата - заврши Мекејлеб во изјавата за ФИБА Европа.

Во првиот четврт-финален натпревар од 17:00 часот се среќаваат Шпанија - Словенија.