26. Mar 2010 15:50 Младите кошаркари во финале на Купот

Младинскиот состав на КК Куманово 2009, утре во Виница ќе игра на завршниот турнир во Купот на Македонија. Противник во финалето ќе биде тимот на Работнички.

Младите кошаркари во финале на Купот

Натпреварот ќе се одигра во 18 часот, а за сите заинтересирани љубители на кошарката ќе има и организиран превоз, 14:45 пред спортската сала во Куманово. Кумановчани ќе се обидат да бидат втори освојувачи на Купот на Македонија, одкако минатата година победник беше екипата на Вардар 2000.

Во лига натпреварите Куманово, после натпреварите по групи се наоѓа меѓу шестте најдобри екипи кои ќе разигруваат за освојување на младинската лига.

Младите кошаркари во финале на Купот