09. Nov 2011 13:17 Мурињо спрема 10 милиони евра за Видиќ

Тренерот на мадридскиот Реал, Жозе Мурињо е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ.

Thumbnail

Тој ќе се обиде во јунскиот трансфер рок да го убеди Видиќ да ја промени средината, а од таа причина се договорил со Реал да издвојат 10 милиони евра годишно за овој потенцијален трансфер.

Тешко е да се очекува дека капитенот на Јунајтед ќе ја промени средината, бидејки на Алекс Фергусон, Видиќ му е премногу потребен.