07. Sep 2011 12:44 Неизвестен е настапот на Пачулија против Македонија
Селекцијата на Грузија важи за пријатно изненадување на шампионатот, но во втората фаза ќе се соочат со голем проблем бидејки нивниот најдобар играч Заза Пачулија нема да настапи.
Пачулија повредата ја заработи на мечот против Бугарија. Кошаркарот на Атланта Хоукс, осетил додатни болови после тој меч, а по додатните прегледи установено е дека мора да паузира најмалку месец дена.
