14. Sep 2011 15:34 Ни Болт неможеше да го стигне Пато при првиот гол

Ни Усеин Болт немаше да може да го стигне Александре Пато при постигнување на првиот гол - изјави тренерот Пеп Гвердиола на прес - конференцијата после ремито помеѓу Барселона и Милан.

Thumbnail

Напаѓачот на „росонерите“ го шокираше Камп Ноу кога ја искористи високо поставената одбрана на Барселона и од центарот на игралиштето стигна до голот на Виктор Валдез за само 24 секунди, што е пети најбрз гол во Лигата на Шампионите.

Постигнаа два гола од исто толку шанси. Мораме добро да ги анализираме ситуациите и да видиме каде згрешивме. Милан има шампионски менталитет, и огромна почит од наша страна - изјави голманот на Барселона.