01. Sep 2011 14:34 Ново засилување во ракометниот клуб Куманово
Двајца ракометари на Вардар, велешаните Дарко Димитреивски(18) и Миле Ордев (20) се новите имиња во ракометниот клуб Куманово.
Управата на клубот веќе потпишала договор со младите репрезентативци, од кои очекува многу во престојната сезона.
Со новите играчи го комплетиравме тимот, кој веќе ги покажа првите резултати. На два пријателски натпревари со екипите на Овче Поле и Вардар Јуниор извојувавме убедливи победи. Тоа ни дава за право да веруваме дека имаме одличен состав од млади и борбени играчи, кои ќе го дадат својот максимум, Куманово да влезе во плеј-офот на лигата- вели Мартин Костовски, претседател на Клубот.
Првенството започнува на 17 септември, кога Куманово гостува на екипата Драчево.
