25. Feb 2010 14:08 Од утре започнува спортскиот викенд во Куманово
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала во Куманово ќе го одиграат петтото коло во пролетниот дел од кошаркарската Втора лига против екипата на Илинднен.
По поразот во Прилеп, кумановци ќе ја бараат својата шанса за победа против скопската екипа која се наоѓа на средината на табелата. Мечот започнува во 20 часот.
Ракометарите својот првенствен натпревар ќе го одиграат во сабота против екипата на Риниа-М од Скопје. Овој натпревар започнува во 17:15
















