04. Nov 2011 10:45 Одбојкарите и ракометарките на Куманово играат на домашен терен

Одбојкарите на Куманово утре во салата СЕУ Перо Наков ќе го одиграат натпреварот од третото коло во Првата државна лига во одбојка.

Thumbnail

Противник е екипата на ОК Сушево која оваа година е повратник во најквалитетното македонско друштво, но во двата меча претрпеа два пораза. Куманово досега има 2 победи и пораз од почетокот на сезоната.

Ракометарките на Куманово во недела во Спортската сала ја пречекуваат екипата на РК Овче Поле. Нашите ракометарки досега во петте одиграни кола, остварија 3 победи и 2 порази.

Одбојкарите и ракометарките на Куманово играат на домашен терен