18. Nov 2011 13:02 Одбојкарите ја пречекуваат Струмица
Утре со почеток во 18:00 часот, одбојкарите на Куманово ја пречекуваат екипата на ОК Струмица. Натпреварот ќе се одигра во салата на СЕУ Перо Наков.
Со помош на домашната публика, раководството на ОК Куманово се надева дека ќе пружи отпор на фаворизираниот тим од Струмица. Струмичани моментално се наоѓаат на прво место на табелата, додека кумановчани се на седмата позиција.
Останатите парови се:
- ОК Борец Брако – ОК Синалко Крушево
- ОК Работнички – ОК Вардар
- ОК Мавис Штип – ОК Лирија
- ОК Шкендија – ОК Сушево
