19. Oct 2011 15:48 Одбојкарите на Куманово го пречекуваат Мавис

 Во состав на Првата државна лига во одбојка - мажи, во сабота ќе се одигра првиот натпревар помеѓу екипите на  Куманово и Мавис од Штип.

Thumbnail

Натпреварот ќе се игра во салата на економското училиште „Перо Наков„ со почеток во 17 часот.

Раководството на одбојкарскиот клуб Куманово ги повикува сите и љубители на одбојката и спортот, помасовно да дојдат на отворањето на одбојкарската сезона и да ја бодрат домашната екипа во оставрување на првата победа.