05. Oct 2011 11:58 Паркер го засили француски Асвел
Одкако дефинитивно е одложен почетокот на најсилната кошаркарска лига на светот, Тони Паркер оваа сезона ќе го носи дресот на француски Асвел.
Тони Паркер ќе бидне промовиран во четврток, а на соиграчите ќе им се придружи следниот викенд. Тој потпиша договор во кој ќе заработува само 1500 евра месечно, колку изнесува минималната плата во француското кошаркарско првенство.
Ова е само трет клуб за Паркер, одкако кариерата ја започна во Париз, премина во Сан Антонио Спарс, и се врати во клубот каде е ко-сопственик.
