14. May 2010 16:33 Партизан шампион на првенството

 Тимот на Партизан ја продолжува доминацијата во српскиот фудбал која ја негува во последните години. Гробарите ја освоија третата последователна титула во домашниот шампионат, откако ја совладаа „ОФК Београд„.

Партизан шампион на првенството

Со оваа победа тимот има вкупно 75 поени и на едно коло пред крајот има предност од 7 поени пред Црвена Звезда, разлика што му ја гарантира првата позиција и шампионскиот трофеј. Звездашите ќе мораат да се задоволат со среброто, а „ОФК Београд е далку назад со своите 50 поени.