22. Feb 2010 13:19 Прв пораз на кошаркарите на Куманово

Кошаркарите на Куманово го доживејаа првиот пораз во пролетниот дел од првенството. На гостувањето во Прилеп против Ултимејт Баскет, кумановци загубија со резултат 89 - 75.

Прв пораз на кошаркарите на Куманово

Ова беше натпревар помеѓу најдобрите два тима во втората лига. Со овој пораз, кумановци се втори на табелата. Сепак со победа би го зацврстиле првото место, и речиси сигурно би била една од двете екипи кои ќе се пласираат во Првата македонска кошаркарска лига. Вака останува неизвесно.