11. Nov 2011 15:46 Ракометарите го дочекуваат Тинекс Пролет, одбојкарите гостуваат на Лирија

Ракометарите на Куманово вчера забележаа нова победа во најквалитетното ракометно првенство.

Thumbnail

Вчера во Кавадарци, нашите ракометари славеа победа со резултат 26:37. Со оваа победа, ракометарите се искачија на петтата позиција на табелата. Во недела, ракометарите во спортската сала ја пречекуваат екипата на Тинекс Пролет.

Одбојкарите на Куманово овој викенд ќе гостуваат во Тетово против екипата на Лирија. Овој меч е од големо значење за нашите одбојкари, бидејки директно се пресметуваат за повисока позиција на табелата.

Куманово е петтопласирано, а Лирија е четвртопласирана.

Ракометарите го дочекуваат Тинекс Пролет, одбојкарите гостуваат на Лирија