05. Dec 2011 16:43 Ракометарите и ракометарките успешни, кошаркарите поразени од Лирија.

Машката и женската екипа на ракометниот клуб Куманово забележаа нови победи во оваа коло од ракометното првенство во Македонија.

Thumbnail

Ракометарите на Куманово беа поуспешни од Преспа од Ресен и забележаа нова победа со резултат 30:19. Ова беше последен натпревар за ракометарите од есенскиот дел од првенството и завршија на четврттата позиција.

Ракометарките беа поуспешни на гостувањето во Кратово каде истоимената екипа ја победија со резултат 26:13. Нашите ракометарки се наоѓаат на втората позиција на табелата, а следниот натпревар го играат против Гевгелија на домашен терен.

Кошаркарите на Куманово сеуште не успејаа да забележат победа на гостински терен. Овој пат загубија на гостувањето против Лирија со резултат 87:78. Во среда кошаркарите ја пречекуваат екипата на Кожув во Спортската сала во Куманово.