10. Dec 2011 19:32 Ракометарите на Куманово ја завршија годината со победа

Ракометарите на Куманово го завршија првиот дел од сезоната со победа. Во последниот натпревар за оваа година, ракометарите го совладаа Металург Јуниор на гостински терен со резултат 19:22.

Thumbnail

Ова е петта победа во низа на нашите ракометари од вкупно одиграните 9 кола. РК Куманово имаше несигурен старт на сезоната, но со неколку засилувања во играчкиот и стручниот тим, екипата може да се бори за висок пласман.

Ракометарите се наоѓаат на третата позиција на табелата со 27 поени.