18. Feb 2010 16:14 Ракометарите се искачија на второто место
Вчера во Спортската сала во Куманово се одигра натпреварот помеѓу ракометарите на Куманово и Текстилец од Штип.
Резултатот на полувреме беше 16 - 12, а натпреварот заврши со 36 - 28. Кумановци прикажаа одлична игра, и водеа во текот на целиот натпревар. После оваа победа ракометарите се искачија на втората позиција на табелата
















