23. Dec 2011 17:01 Ракометарките ги пречекуваат кичевчанки
Во Спортската сала Куманово, утре ракометарките на Куманово ќе играат против екипата на Кичево.
Во последниот натпревар од есенскиот дел, на домашен терен ракометарките ќе се обидат да ја заокружат полусезоната со победа, и со тоа да ја зацврстат позицијата меѓу големата четворка. Натпреварот започнува во 16.30 часот. Раководството на клубот ја повикува публиката да дојде во што поголем број и да ги бодри нашите најдобри спортистки.
