07. Nov 2011 14:18 Ракометен меч на Куманово и македонските ветерани

Утре во Спортската сала во Куманово ќе се одигра натпревар помеѓу ракометарите на Куманово и  бившите репрезентативци на Македонија.

Thumbnail

Натпреварот се организира по повод 11.Ноември, Денот на ослободување на Куманово.

Тимот на ветераните ќе го сочинуваат Пепи Манасков, Зоран Кузмановски, Александар Зарков, Дејан Кимевски, Зоран Кузмановски, Миладиновски, Јовиќ и други.

Натпреварот ќе започне во 18:30 часот, а влезот е слободен.