16. Sep 2011 01:27 Русија остана непоразена на шампионатот, следен противник и е Франција
Кошаркарите на Русија успејаа да ја совладаат репрезентацијата на Србија со резултат 77:67. Во првиот натпревар Франција беше поуспешна од Грција, победувајки со 64:56.
Неиграњето поради повреда на Рашиќ и Тепиќ, вкупно изгубените 19 топки од кои 9 на Теодосиќ се дел од причините каде српската репрезентација би требала да ги бара причините за поразот во четврт-финалниот дуел. И покрај големата разлика, Србија даде знаци на живот во второто полувреме кога се играше кош за кош но тоа не беше доволно и за победа на натпреварот. Русите успејаа да ја надиграат и надскокаат одбраната на Србија со 14.офанзивни скока, а додавајки ги 14.поени на Кириљенко, 11 на Хријапа и Воронцевич беа доволни за влез во полуфиналето каде ќе се сретнат со Франција.
Во првиот натпревар Франција во последните минути од натпреварот успеја да ја совлада репрезентацијата на Грција. На повидок беше уште едно изненадување, одкако грците успејаа да водат речиси цел натпревар. Сепак неискуството си го направи своето па Паркер и Батум беа непогрешливи во последните минути и донесоа победа на „галските петли“ со 64:56.
