16. Jan 2012 10:36 Швеѓаните задоволни од бодот, воодушевени од атмосферата

 Шведска успеа да извлече бод против Македонија, во својот прв натпревар на Еуро 2012, но слично како и во спортивниот табор, тие жалат што на крајот не ја искористија можноста да забележат победа.

Thumbnail

На прес конференцијата по натпреварот еден од селекторите Ола Линдгрен и командантот на одбраната Тобијас Карлсон, не заборавија да ја споменат извонредната атмосфера, која ја направија македонските навивачи во салата „Чаир“.

„Ова беше тешок натпревар, кој се одигра во изворедна атмосфера. Лошо го започнавме, Македонија играше подобро и имаше предност во првиот дел. Во вториот дел заигравме многу подобро, имавме три гола предност и напад, на крај освоивме бод, од кој сме задоволни бидејќи игравме против силен противник“, рече Линдгрен.

„Тежок и специфичен натпревар, со многу исклучувања. Имавме добро враќање во мечот во првото полувреме, имавме и добра можност да победиме на крајот. Морам да кажам дека атмосферата во која се играше натпреварот беше одлична“, кажа на пресот Тобијас Карлсон. (кирилица)