28. Sep 2011 13:08 Тевез одбил да игра против Баерн

Што се однесува до менаџерот на Манчестер Сити, Карлос Тевез е веќе минато за клубот бидејки одбил да влезе во игра по поразот од Баерн(2:0).

Thumbnail

Не одлучувам јас за тоа, но да се прашувам овој момент за него би била завршена приказната во Манчестер Сити. Две години му помагав на Карлос, но вакво однесување неможам да прифатам. Тој одби да влезе во игра, но не знам зошто. Мислам дали вакво нешто може да се случи во Баерн, Милан, Јунајтед? Овдека сум јас менаџер и јас одлучувам. Одново верував во него, во тој момент имаше уште 30 минути, и имаше простор за пресврт. - изјави Манчини.

Од друга страна Тевез не беше многу детален во објаснувањето за неговата постапка.

Бев и останав професионалец. Минатата сезона бев најдобар стрелец во екипата, а сакав да заминам од лични причини. Останав бидејки сакав да дам се од себе - дипломатски прокоментира Тевез.