25. Mar 2010 20:28 Уште една победа на ракометарите

Натпреварот одигран вчера помеѓу РК Куманово и РК Младост заврши со убедлива победа за РК Куманово. Гостите од Ресен со својата млада екипа никако неможеше да претставува сериозен противник на РК Куманово.

Уште една победа на ракометарите

Првото полувреме заврши со 8-24 во корист на кумановчани.

Низ целото второ полувреме на теренот играше вториот тим на РК Куманово.    Натпреварот заврши со резултат од 21-49.

Во недела на 28.03.2010 со почеток во 18.00 часот, ќе се одигра дерби натпревар за освојување на првото место во втората лига. Куманово го пречекува РК Борец од Велес, и ова претставува борба за влез во Македонска супер лига меѓу првопласираниот против второпласираниот тим.

Д.И.