19. Sep 2011 11:08 Започна ракометното првенство во Македонија
Во сенка на ЕП во Литванија, вчера се одржа првото коло од ракометното првенство во Македонија. Ракометарките на Куманово издвојуваа победа на домашен терен против екипата на Ел-Коритон од Кратово.
Натпреварот беше изедначен во почетните мигови, по што домаќинките ја покажаа својата надмоќ со серија од 8 гола. Резултатот на полувреме беше 17:8, а второто полувреме продолжи во ист ритам и заврши со резултат 40:23.
Ракометарите на Куманово сезоната ја започнаа со пораз на гостувањето во Драчево. Во тесен и неизвесен дуел, РК Драчево беше победник со резултат 22:21.
