Во Куманово е прекинато гласањето на три избирачки места, се расипале апаратите за идентификација и го изгубиле печатот
На три избирачки места во Куманово не е започнато гласањето во првиот круг за претседателските избори, затоа што на две места не работеле УБИГ - уредите за биометриска идентификација, а на едно недостасувал печатот.