Вести
Денеска се варат пивтии
Граѓаните од православна вероисповест, денеска варат пивтии за утрешниот празник Богојавление -Водици. Месото се вари додека се создаде желатинската течност, која е основа за специјалитетот.
Ќе се продолжи ли зимскиот распуст на кумановските ученици?
Поради студот и ниските температури се пролонгираат зимскиот распуст на учениците во неколку градови во државата.
Куманово пак остана без дежурна амбуланта
Кумановци од синоќа повторно останаа без здравствена заштита ноќе, за време на викендите и празниците затоа што матичните лекари не сакаат повеќе да дежураат во амбулантата во Итната помош.
Спречен шверц на електрични алатки
На граничниот премин Табановце автопат запленети се 19 нови и употребувани рачни и електрични алати меѓу кои дупчалки, моторни пили за дрво, брусалки и убодни пили.
Крстот ќе се фрла во црковните и градски базени
На одбележувањето на големиот православен празник Богојавление - Водици, традиционално во двете цркви во градот ќе се организира фрлање на светиот крст во црковните базени, но и во градските базени.
„Пивтијада„ по 10-ти пат
Утре започнува прославата на празникот Водици и манифестацијата „Пивтијада 2012„, што по десети пат ја организира здружението на граѓани Карпино.
Полицаец казнет затоа што бил дрзок кон колега
Полицаец од полициската станица Куманово заработил парична казна поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.
Богата културна програма во јануари
Секторот за култура при Општината Куманово во првиот квартал од годината ќе реализира повеќе културни манифестации поврзани со одбележување на традиционалните празници на етничките заедници во градот, што се предвидени во стратешката програма на секторот.
Кумановци се противеле при приведување
Tројца полицајци биле спречени да приведат неколку момчиња, кога отишле да интервенираат по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Годишни пријави за продавачите на зелен пазар
Фирмите кој организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештаj во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2011 година.
« Прва ‹ Претходна 123...101112...343344345 Следна › Последна »
