Вести
Провејуваат првите снегулки
Во Кумановско, предпладнево, покрај дожд, заврна и првиот снег. Крупните снегулки во градот веднаш се топеа, а снежна покривка се формира на Матејачка планина, Козјак и Четирски рид.
Куманово и Липково општини без дискриминација
Куманово и Липково, добија сертификати „Општина без дискриминација„ за несебично залагање во промоцијата и спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Промоција на книги и списание
Утревечер во Центарот за култура ќе бидат промовирани книгите „Без Љубов„ и „Допир„ од Јасминка Наумовска и „Битие„ од Горан Стевчевски, како и списанието „Пиемонд„.
Новогодишниот пазар останува на плоштадот
Вака одлучиле општинските надлежни служби, откако продавачите најавија дека ќе штрајкуваат ако ги дислоцираат на друго место во градот.
Куманово се украсува
Започна украсувањето на градот по повод новогодишните празници. Екипите на Електро-Куманово денеска ги поставуваа светилките на Градскиот плошта и на улиците околу него. За оваа намена Советот на Општината извои 1,5 милион денари.
Со секира нападнал електричари што му ја секле струјата
А.М. од селото Матејче нападнал двајца електричари на ЕВН, затоа што сакале да му ја исклучат струјата. Инцидентот се случил завчера околу 13 часот, кога екипа на ЕВМ заминала во селото да ги исклучи потрошувачите кои не плаќаат електричка енергија.
Хендикепираните на маргини во општеството
Триесет проценти од родителите не ги пуштаат децата на училиште затоа што сакаат да ги заштитат од околината, а родителите од Липково и дадоа единица на државата и општината, поради незадоволителниот однос кон нивните проблеми.
Две градинки дивоградби
Два објекти на градинката „Ангел Шајче„ во Куманово се дивоградби. Зградите кај Градскиот стадион и Зелениот пазар, кои се изградени пред 50 години немаат планска документација.
Воена вежба ги исплаши граѓаните
Граѓаните на Куманово, денеска околу пладне можеа да слушнат поединечни и рафални истрели од огнено оружје, кои доаѓаа од периферијата на градот.
Изложба на слики „РОМА АРТ„
Во Уметничката галерија Куманово, утревечер ќе биде отворена изложба на слики од ликовната колонија „РОМА АРТ 2011„.
« Прва ‹ Претходна 123...282930...343344345 Следна › Последна »
