Вести
Расчистен тротоарот околу Зелениот пазар
Инспекциските служби вчера го расчистија просторот околу Зелениот пазар што беше узурпиран од нелегалните продавачи. Тезгите и камионите се отстранети од тротоатот, и веќе го нема ни сообраќајниот хаос.
Зелено знаме за кумановската градинка
Градинката „Ангел Шајче„ од Куманово се закити со признание Еколошко знаме, како награда за посебни достигнувања и развој на еколошката култура кај децата.
Во Кумановско и липковско масовно се краде струја
Во Кумановско–Липковскиот регион, ЕВН Македонија и МВР откриле 500 броила од кои се краде струја. Акцијата се спроведувала во последните три месеци, а ги опфатилa корисниците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Комедија „Ни ваму, ни таму“
Во Народниот театра Куманово утре вечер ќе биде прикажана комедијата „Ни ваму, ни таму„ во продукција на „Забавно-рекреативниот театар“ Скопје и НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид.
Македонија на 69-то место по корупција
Македонија е рангирана на 69- то место според индексот на перцепција на корупцијата, според последниот извештај на Транспаренси интернешенл за 2011 година.
Уапсени инкасанти на Романовце
Осум лица од Куманово, вработени на наплатната рампа Романовце, утрово биле спроведени во кумановската полиција во акција на Министерството за внатрешни работи.
Нови случаи на ХИВ и СИДА во Куманово
Два нови случаи на ХИВ и СИДА се регистрирани годинава во Центарот за јавно здравје Куманово. Двајцата заболени се мажи.
Отворена народна кујна во Старо Нагоричaне
Во селото Драгоманце, денеска беше отворена народна кујна. Бесплатни оброци ќе добиваат 30 корисника на социјална помош, семејства со повеќе деца и стари и болни лица кои живејат сами.
Советот доби нов член
Сефедин Реџепи од ДУИ е новиот советник во Советот на Општината Куманово.
Асфалтирана улица во населбата Карпош
Во населбата Карпош синоќа беше пуштена во употреба новоасфалтираната улица 40.
« Прва ‹ Претходна 123...303132...343344345 Следна › Последна »
