Вести
Изложба на меѓународна уметничка фотографија
Утревечер со почеток во 19.30 часот, во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена Втората меѓународна изложба на уметничка фотографија “Куманово 2011“.
На полицаец му удрил бокс во лице
Л.В. (44) од село Пчиња, удрил полицаец по лицето, а предходно лажно пријавил кражба на нафта. Инцидентот се случил минатат недела, откако Л.В. ја известил полицијата дека забележал како непознати лица истовараат украдена нафта во селото Пчиња.
Општината ќе се поднови со коли
Општината Куманово утре ќе побара од Советот да донесе одлука за купување на два нови автомобили.
Дебата за спречување на семејно насилство
Жeнски Центар „Жена на 21 век„ Куманово, утре организира јавна дебата како дел од националната кампања за одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените во рамки на програмата „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ на Министерството за труд и социјална политика и Обединетите нации ( UNFPA, UNDP, UN Women, WHO & UNICEF).
Педесет и петта седница на Советот
Сoветот на Oпштината Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 33 точки, од кои повеќето годишни програми за работа на средните училишта и утврдување на детални урбанистички планови на повеќе урбани единици.
Кривична за тепање на соседот
З.Ѓ. (50) од кумановското село Младо Нагоричане ќе одговара за сторено кривично дело тешка телесна повреда, бидејќи го истепал својот комшија.
Куманово лидер во развојни проекти
Проектите на Општината Куманово, Затворен олимписки базен и Горилница на цврст смет, кои беа презентирани на саемот на локалните заедници „Зелс Експо 2011„ во Скопје, наидоа на одлична критика кај стручната јавност.
Трибина „Подобро судство за подобра иднина“
Во Куманово денеска се одржа трибина посветена на реформите во судството на која граѓаните и правниците имаа можност да се информираат за промените во Законот за парнична постапка и Законот на судски совет.
Без причина го проболе со нож
Н.Ј. (20) од Куманово вчера околу 14 часот, бил прободен со нож додека се движел по ул. „Панче Пешев“ во Куманово.
« Прва ‹ Претходна 123...313233...343344345 Следна › Последна »
