Вести
Богата програма за Денот на градот
Прославата ќе започне од почетокот на ноември кога ќе бидат пуштени во употреба повеќе инфраструктурни објекти, а ќе заврши со Свечената академија и доделувањето на Ноемвриските награди.
Почнува зимското сметање на времето
Викендов завршува летното и почнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад.
Денес се слави Петковден
Православните верници денес ја слават Света Петка. Празникот кој за многу семејства претставува семејна слава се одбележува денес како Петковден.
Висока делегација во посета на Црвениот Крст
Претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст Роџер Брек и Иман Улах го посетија општинскиот Црвен крст Куманово.
Нѐ избришаа од патоказите затоа што не сме нивни
Општината Куманово ќе реагира до Агенцијата за државни патишта, поради тоа што Куманово е испуштено од патоказите на новиот автопат од граничниот премин Табановце.
Поетска вечер со Никола Маџиров
Утре вечер во 19 часот во трговски центар СУМА во, кафе „Taboo“ се организира поетска вечер со Никола Маџиров.
Скулптури на новото време во Прилеп
Во Изложбениот салон на Центарот за култура Прилеп, утре ќе биде отворена биеналната изложба на скулптури – “Скулптури на новото време 2011”.
Продолжува педесет и третата седница
Советниците денеска ќе ја продолжат педесет и третата седница, откако вчера ја прекинаа работата по донесување на одлуката за воведување на нова комунална такса за пречистување на отпадните води.
Граѓаните добија нова комунална такса
Граѓаните на Куманово од 1 ноември ќе плаќаат нова давачка, комунална услуга за пречистување на отпадните води во градот. Секое домаќинство покрај сметката за вода, на ЈП „Водовод„ ќе му плаќа уште 8,5 денари за преработка на отпадните води во Пречистителната станица во селото Добрешане.
Општинскиот буџет поспоро се полни
На денешната седница, советниците го изгласаа третиот квартален извештај за реализација на буџетот на Општината Куманово, со кој се утврдува моменталната состојба на општинската каса по реализација на предвидените активности и програми.
« Прва ‹ Претходна 123...434445...343344345 Следна › Последна »
