Вести
200 наставници чекаат решенија за работа
Околу 200 просветни работници од Куманово чекаат одобренија за трансформација на работното место од Министерството за образование. Се работи за наставен кадар и технички перонал во основните и средни училишта во Општината, кои повеќе од две години работат по договор на дело, а треба да добијат решенија на неопределено време.
Започна обновата на документи за социјална помош
Годишната обнова на документација за корисниците на социјална парична помош ќе трае до 2-ри декември, соопштуваат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Куманово.
Обука за е-даноци
Претставници од Управата за приходи утре во Центарот за култура ќе одржат обука за електронско пријавување на даноците.
20 години затвор за убиство од користољубие
Во Основниот суд Куманово на 20 години затвор е осуден Јашари Раиф (33) од селото Ропаљце затоа што го убил од користољубие Шериф Салиху (29) од истото село и го фрлил во нива.
Едукација за бремени жени
Здружението за грижа и едукација на бремените жени, мајките и децата „Лулка„, утре организира едукација во Куманово.
Градоначалници од Срцето на Словенија во посета на Североисточниот регион
Во посета на општините на Североисточниот плански регион од вчера престојуваат повеќе градоначалници и бизнисмени од регионот кој се нарекува Срцето на Словенија.
Светски ден за борба против трговија со луѓе
По повод Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, утре претставници на Секторот за превенција при СВР Куманово и невладината организација „Калча ал брова„, ќе спроведат акција за информирање на младите.
СДММ: ВМРО-ДПМНЕ фрла прав во очи на граѓаните
Младите на СДСМ денеска на Градскиот плоштад одговорија на вчерашната прес-конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,при што ги отфрлија наводите за финансиски злоупотреби и перење пари од локалната самоуправа.
Понеделник неработен ден за сите граѓани
Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври e државен празник и е неработен за сите граѓани, но бидејќи празникот е во недела, неработен ден ќе биде понеделник.
Пријава за 0,9 грама хероин
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Т. (42) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
« Прва ‹ Претходна 123...474849...343344345 Следна › Последна »
