Вести
Се работи на патот во Клечовце
Наскоро ќе се асфалтира патот во селото Клечовце, кој ги поврзува околните села со магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Патот е во должина од 5,5 километри а ќе го користат околу 1 200 жители.
Метаморфози на Денови на комедија
Со претставата „Метаморфози„ од Овидиј, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на Народниот театар од Охрид, вечерва продолжуваат Деновите на комедија во Куманово.
Пописот во Куманово и Старо Нагоричне без проблеми
Пописот во општините Куманово и Старо Нагоричане се одвива успешно. Според информациите на Комисијата на пописен реон за Куманово и Старо Нагоричане,околу 85% од пописните тимови се излезени на терен и вршат попис на населението, домаќинствата и становите.
Патување во Србија со лична карта
Министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска со српскиот министер Ивица Дачиќ денес ќе ја потпишат Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.
Се одбележува Детската недела
"Борете се за децата" е мотото под кое се одбележува годинешнава детска недела. Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска, организираше свечен прием за децата и за преставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата.
Врачени наградите на најдобриете есеисти во „Корени„
Во меморијалниот центар Пелинце, викендов се одржа традиционалната манифестација „Вечер со боја на виното„, на која се промовираше двобројот на списанието „Корени„, а беа доделени наградите на најдобрите есеисти од годинешниот конкурс за Мартовски есеи.
Денови на комедија по 14-ти пат
Со претставата „Сомнително лице„ од Бранислав Нушиќ, режија на Синиша Ефтимов, а во изведба на актерската екипа од МНТ, во саботата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ започнаа годинешниве Денови на комедија во Куманово. Манифестацијата ќе трае до 15 октомври, кога ќе бидат прикажани 9 претстави од земјава и странство.
Полицајки се степале за паркинг
Две, кумановки-полицајки се степале за место на паркинг кај бензинската пумпа на Макпетрол на влезот во Куманово.
Повик до реонските попишувачи
Комисијата за пописен реон Куманово и Старо Нагоричане ги повикува сите реонски попишувачи да дојдат и да го подигнат попишувачкиот матерјал вечерва (петок) во 21 часот, во просториите на Комисијата, на улицата Бранко Богдански Гуцман бб, до ресторанот Ексклузив во населбата Гоце Делчев.
Ромите најмногу бараат азил
Во август годинава има регистрирано 22 лица баратели на азил, само на граничниот премин Табановце. Најголем број се Роми, со дури 85 проценти, а по нив доаѓаат Албанците.
« Прва ‹ Претходна 123...535455...343344345 Следна › Последна »
