Вести
Започна обуката за попишувачи
Во големата сала на Центарот за култура, денеска започна првата од двете обуки за реонските попишувачи што од први октомври ќе вршат попис на домаќинствата и становите во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Дрво уби момче
Вчера околу 12.15 часот во м.в„Длабок дол“ во атарот на селото Глажња, додека сечеле шума, дрво паднало врз Азиз С.(16) од с.Гошинце и го повредило.
Директори и секретарки ќе ви дојдат на попис
Директори, секретарки, раководители, новинари, актери, шалтерски службеници, политичари, професори и работници се наоѓаат на списокот попишувачи од јавната и државна администарција. Затоа посредете по дома и дотерајте се, не се знае која позната личност од градот ќе ви дојде на попис
Советнички прашања на утрешната седница
Утре ќе се одржи педесет и втората седница на Совет на која на дневен ред се советнички прашања.
Денови на мед по 12 пат
Од утре до сабота на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на мед.
Старо Нагоричане на саем во Нови Сад
Општината Старо Нагоричане ќе учествува на Саемот на туризмот во Нови Сад, кој се одржува од денеска до 2 октомври годинава.
Пази, се снима!
На Градскиот плоштад деновиве е поставен столб со безбедносни камери. На раскрсницата пред Тутунска банка, пет камери се свртени на сите страни, и ги покриваат двата плоштади.
Тргната приколката „Пелистерка„
Вчера попладне, експресно беше тргната шанк-приколката од Градскиот плоштад, откако беше објавен текстот дека тука стои со недели.
Пријава за 3 грама марихуана
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Ј. (24) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Повторно зголемен бројот на азиланти
Последниов месец повторно е зголемен бројот на граѓани што барале азил во западно-европските земји. Најголем број на азилантите биле од ромска националност.
« Прва ‹ Претходна 123...555657...343344345 Следна › Последна »
