Вести
Жештината ги скрати часовите во училиштата
Поради високите температури кои деновиве ја зафатија државата, следните три дена наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до 12 часот.
Во Куманово попис ќе вршат 340 попишувачи
Државниот завод за статистика распиша јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој ќе се одржи од 1 од 15 октомври.
Педесет и прва седница на Совет
Советниците утре ќе ја одржат педесет и првата редовна седница на Советот. Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
Вонредна крводарителска акција
Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„, организираат вонредна крводарителска акција.
Годишно собрание на жените на ВМРО-ДПМНЕ
Унијата на жени на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи Годишно собрание.
Чаирчани најдобри на државниот натпревар по прва помош
Екипата по прва помош од Црвениот крст на општината Чаир го освои првото место на државното натпреварување по прва помош, што во сабота се одржа во Куманово. Второто место и припадна на екипата на Центар, а трети беа претставниците од Прилеп.
Повреден градежен работник
В.Ј.(38) од Куманово, вработен во фирмата „Кентаур Импекс“,вчера додека работел на градежен објект во Скопје, паднал од скалата по која се качувал и тешко се повредил.
Утре се прска од комарци
Утре во раните утрински часови ќе се врши авио прскање против комарци. Доколку временските услови не дозволат, прскањето ќе се изврши наредниот ден.
Дамјановски: За нас се значајни сите датуми во историјата
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски го обвини Министерството за култура, дека води селективна политика при одржување на културното наследство во државата, и додека во Скопје интензивно гради споменици на жртвите на комунизмот, во Куманово не сака да одвои минимални сретства за поправање на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, за да може Општината достоинствено да ги одбележува државните празници.
Продолжува изградбата на патот Старо Нагоричане-Никуљане
Од наредната недела ќе продолжи изградбата на патот што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Во втората фаза е предвидено да се асфалтираат уште 1800 метри со што целосно ќе се заврши патот.
« Прва ‹ Претходна 123...626364...343344345 Следна › Последна »
