Вести
Нови книги во Градската библиотека
Над 1300 нови наслови, од осумнаесет издавачки куќи набавила библиотеката "Тане Георгиевски", пред почетокот на учебната година.
Кумановец кријумчарел сомалијци
Т.А. (45) од Куманово, бил фатен во Гевгелија како кријумчари државјани на Сомалија.
Министерот за образование во Куманово
Министерот и заменик-министерот за образование и наука, Панче Кралев и Сафет Незири, и шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет ќе ги посетат кумановските средни училишта „Наце Буѓони“ и „Перо Наков“.
Првите два дена училиштата со скратена настава
Министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров денес остварија работна средба со членови на Хидрометеоролошкиот завод на кој се разгледуваа временските услови за наредните денови и донесоа одлука дека новата учебна година ќе започне на 1 септември.
Нема да се одржи Стритс фестивал
Годинешниов Стритс Фестивал, кој требаше да се одржи од денеска до 2 септември се откажува поради финасиски проблеми.
Честитка од Дамјановски за Рамазан-Бајрам
По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски упати честитка до сите верници од исламска вероисповед во градот и државата.
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
Со скршена глава побарал помош од соседот
Т.С.(50) од с.Биљановце, вчера во 17.35 часот со видливи повреди на главата дошол во викендичката на И.Ф. и побарал помош.
Секое училиште ќе добие полицаец
Во сите основни и средни училишта во државата ќе се спроведува проект “Полицијата и учениците се дружат“, со кој над 150 полицајци ќе се грижат за безбедноста во училиштата.
Кинези заинтересирани да инвестираат во Старо Нагоричане
Делегација до Министерство за економија на Кина и нивен претставник во Македонија, ја посетиле општината Старо Нагоричане и разговарале за можностите за идна соработка.
« Прва ‹ Претходна 123...676869...343344345 Следна › Последна »
