Вести
Продолжува чистењето на дивите тезги
Продолжува акцијата за отстранување на тезгите на дивите продавачи на земјоделски производи. Акцијата ја спроведуваат претставници на ЈП "Пазаришта", СВР Куманово, пазарната и трудовата инспекција.
Шверцувале свинска кожа
48 квадратни метри свинска кожа, откриени при контрола на патничко моторно возило со македонски ознаки, пријавено за влез во државата, на граничниот премин Табановце-автопат.
ВАШИ ПИСМА: Крвава раскрсница
Почитувана редакцијо се надевам дека ќе најдете простор да го објавите моето писмо за што однапред сум ви благодарен.
Демолирана Спомен-костурницата во Куманово
Непознати сторители демолирале дел од Спомен-костурницата на паднатите борци во Куманово. Вандалите, три ноќи по ред дивееле и го кршиле мермерот на двете плочи каде што се испишани имињата на борците, откорнале дел од бронзениот рељеф,ги извадиле и искршиле мермерните плочки од плочникот, и ги расфрлале на платото на споменикот.
Изгаснат пожарот во Ругинце и Сув Ора
Пожарот кој два дена беснееше во селата Ругинце и Сув Ора е изгаснат.
Семинар за раководители на тамбурашки оркестри
Во рамките на програмата на Кумановско Културно Лето 2011, утре во 12 часот, во Меморијалниот центар „АСНОМ“ – Пелинце, ќе биде отварен Семинар на раководители – диригенти на Тамбурашки оркестри, членки на Европски тамбураски сојуз.
Капиталните проекти за едни напредуваат за други стојат во место
Во расправата по првата точка од денешната 50-та седница на Советот на Општината Куманово - остварување на Буџетот на Оштината за првите три месеца од годинава, реализацијата на капиталните проекти беше стожерот околу кој два часа се вртеа спротивствани ставови на советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Стефан Трајановски, Бране Петрушевски и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Промоција на филмот и книгата „Чувар Светих Хумки“
Утре во 20 часот, во основното училиште „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане, ќе се одржи промоција на документарен филм и книга „Чувар Светих Хумки“ од авторот Мишо Вујовиќ.
Горат Ругинце и Сув Ора
Голем пожар веќе втор ден беснее во атарот на селата Ругинце и Сув Ора. Екипи на противпожарните единици од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово заедно со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за кризи и месното население, безуспешно го гаснат огнат, кој ветрот постојано го разгорува.
Се скарале, па и` извадил пиштол
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Д. (47) од Куманово, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
« Прва ‹ Претходна 123...707172...343344345 Следна › Последна »
